Николиќ на Путин: Брате Владимире, на иста сме страна!
Српскиот претседател Томислав Николиќ го одликуваше неговиот висок руски гостин Владимир Путин и му додели орден за исклучителни заслучи во развивањето и зацврстувањето на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу Белград и Москва.
Обраќајќи му се на руски јазик, Николиќ на Путин му порача: „Драги брате Владимире, српскиот народ се гордее што ти го носиш највисокиот српски орден“.
Путин, кој е во неколкучасовна посета на Белград, му се заблагодари на одликувањето и додаде дека тој не мисли дека направил нешто големо за да го заслужи.
„Јас го прифаќам ова одликување како знак на почитување и љубов на Србија кон Русија и рускиот народ“, рече Путин.
На билатералната средба, српскиот и рускиот претседател истакнале дека како земји Србија и Русија секогаш биле на иста страна. Белград во Москва гледа голем сојузник, соработник и партнер и тоа никако нема да го загрози, му ветил Николиќ на Путин.
Слично
