Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОКА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ТРКА: НИКОЛИЌ КОНТРА ВУЧИЌ-Порачал: Нема повлекување!

ЖЕСТОКА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ТРКА: НИКОЛИЌ КОНТРА ВУЧИЌ-Порачал: Нема повлекување!

Претседателот на Република Србија Томислав Николиќ ќе се кандидира на претстојните претседателски избори.

Одлуката да се кандидира актуелниот српски претседател ја донел синоќа на прославата на својот 65 роденден, пренесуваат српските медиуми.

Николиќ изјавил дека не е изненаден од „исходот на гласањето“ на претседателството на Српската напредна партија, со што му е дадена поддршка на кандидатурата на лидерот на партијата Александар Вучиќ на претседателските избори, но и останал недокажан на прашањето дали ќе се кандидира за претседател на Србија.


На прашањето на новинарите дали се откажал од кандидатурата , Николиќ кратко одговорил:

„Ќе се договориме ...“.

Тој исто така рекол, на прашањето како ги коментира наводите на медиумите дека неговиот син ја поддржал кандидатурата на Вучиќ дека Радомир Николиќ, го „изнел својот став на подготвителниот состанок“.

Слично

Поврзани вести