Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николиќ: Србија нема да влезе во ЕУ, ако треба да го признае Косово

Николиќ: Србија нема да влезе во ЕУ, ако треба да го признае Косово

„Србија сака да биде членка на ЕУ, но бара од Брисел никогаш да не ја принудува да ја признае независноста на Косово“, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.

„Нема да бидеме член на било каков сојуз кој бара такво нешто од нас. Благодарен сум им на сите земји кои не го признале Косово“, вели Николиќ.

Тој рече дека без разлика дали некој ја сака ЕУ таква каква што е сега, сите треба да се свесни дека во моментов „добра Европа нема“.

„Ние сме опкружени од европските земји. Тешко е членките на ЕУ да постигнат консензус околу нашето членство, но ние продолжуваме да преговараме“, изјави Николиќ, цитиран од српската телевизија РТС.

Слично

Поврзани вести