Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николиќ: Го прифаќаме „Турски поток“

Николиќ: Го прифаќаме „Турски поток“

Србија не вели дека не сака да учествува во изградбата на транспортната инфраструктура за гасот од „Турски поток“. Тоа го објаснил српскиот претседател Томислав Николиќ во амбасадата на неговата земја во Москва. Тој беше во руската престолнина за прославата на 9 мај.

Тој сепак продолжува да смета дека овој проект не може да е комплетна замена на „Јужниот поток“.

„Се разбира, на нас ни треба гас. Ако во 2019 година Русија го прекине преносот на гас преку Украина, ние ќе останеме без гас. Ова („Турски поток“) би била одлична алтернатива, но јас само реков дека таа не е еквивалентна на „Јужен поток“, изјавил Николиќ, цитиран од „РИА Новости“.

Српскиот претседател наведува дека наскоро по укинувањето на проектот „Јужен поток“, кој бил „голема шанса“, пред се за земјите кои се занимаваат со транзит на гас, се појавил планот „Турски поток“. „Ние никогаш не сме велеле дека не го сакаме“, истакнал тој и додал дека неговата земја се однесува позитивно кон новиот проект.

Во одговор на прашање ќе може ли „Турски поток“ да влезе во Европа пред Грција, откако „Јужен поток“ не успеа во Бугарија, Николиќ одговорил дека на турско-грчката граница реализацијата на проектот ќе зависи главно од Европската комисија, од енергетските договори и од тоа одговара ли овој „стриминг“ на условите кои не ги покриваше запрениот проектот „Јужен поток“.

Минатиот четврток, во интервју за „Интерфакс“ Томислав Николиќ изјавил дека ја смета за невозможна изградбата на продолжението на гасоводот „Турски поток“ на своја територија и Белград дека не смета да добива сино гориво во овој правец.

Слично

Поврзани вести