Николиќ: Денес е голем ден за Србија
Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјавил дека денеска е голем ден, во кој Русија го примени правото на вето во Советот за безбедност на ОН.
„Денес не само беше спречено да го осудат целиот српски народ туку и Русија покажа и докажа дека е вистински и искрен пријател. Ова е голем ден за Србија“, изјавил Николиќ, коментирајќи ја резолуцијата за Сребреница, која ги одредува дејствата на Белград во 1995 година како „геноцид“.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјавил уште во месец јуни дека оваа варијанта на резолуцијата е издржана во антисрпски стил и ги разгледува настаните од 1995 година некоректно.
Текстот предизвика незадоволство во Србија и кај босанските Срби.
Десет членови на Советот гласаа позитивно, а четири биле воздржани. Тоа се Ангола, Кина, Нигерија и Венецуела.
