Никола Рибароски, ре-избран за претсседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи
На редовното годишно Собрание на Коморатa на друштва за геодетски работи, одржано на 08.05.2025 год., Никола Рибароски беше ре-избран за претседател на Комората, а беше избран и старо-новиот состав на УО.
На одржаното собрание, свое поздравно обраќање имаше и претседателот на Стопанската Комората на РСМ, г-дин Азески, а беа доделени и признанија за посебна заслуга во унапредување на професијата и дејноста на Гордан Бошковски од Прилеп, прв Претседател на Комората и на Драган Петрески од Скопје.

„Со огромно мнозинство на гласови, колегите дадоа поддршка и ја изгласаа програмата за работа на Комората во периодот 2025-2029. Тое е развојна програма која претставува надградба и проширување на се досега сработено со развојна компонента која предвидува пред се заштита но и поддршка на приватните гоедетски компании.Тоа е програма која ќе покрене иницијатива за реформирање на постојниот катастарски систем, преку изработка на целосно нови предлог – Законски решенија, бидејќи актуелните се застарени и не одговараат на новите времиња и новите предизвици кои доаѓаат со развојот на техниката и технологијата. Исто така програмата предвидува поддршка и едукација на младите стручни лица, прдлабочување, проширување и воспоставување на нови соработки со различни сродни организации од дома и надвор и како никогаш досега афирмација на струката и дејноста преку промоција на правата на сопствениците , потребата од обнова на премерот за катастарски потреби, 3Д Катастар, масовна проценка на недвижности, примена на БИМ технологијата и консолидација на земјоделско земјиште и урбаното земјиште.

Секако програмата предвидува конкретен и фер план, како да се возобнови или да се воспостави нова искрена соработка со Агенцијата за катастар на недвижности и како да се надминат недоразбирањето и непосакуваните ситуации, предизвикани од мешањето во независноста на Комората.
Изразувам жалење што и покрај упатената покана за присуство на Собранието на Комората, директорот на Агенцијата не се оѕва и не појави. Одговорот на ова покана, беше уште еден показател дека се нема намера да бидат почитувани одредбите од актите на Комората, а со тоа и независноста на Комората. Исто така со жалење морам да констатирам дека Агенцијата не почитува Судски одлуки и Одлуки на Централниот регистар, а наместо тоа врши своеволно тумачење на законските одредби.
Во секој случај, Комората ќе делува во позитивна насока со цел воспоставување на комуникација и соработка помеѓу двете нај сродни институции (Комората и Агенцијата), а искрено се надеваме дека ваквата инцијатива ќе биде препознаена од надлежните државни институции“, изјави Рибароски.
