Никола Јовиќ осуден за учество во војната во Донбас бил на барикадите на Косово
Србинот Никола Јовиќ кој е осуден за учество во војната во Донбас бил на барикадите на северот на Косово.
Неколку дена откако локалните Срби ги блокираа патиштата на северот на Косово, барикадите ги посетил српски државјанин осуден за учество во војната во Украина во 2015 година, објави РСЕ.
Јовиќ во Донбас се бореше на руската страна. Вишиот суд го осуди за учество во војната во Украина, затоа што тоа е казниво според српскиот закон. На својот својот Фејсбук профил објави фотографии од населбата Велико Рударе во општина Звечан на северот на Косово. На социјалните мрежи пишува дека отишол на северот на Косово како новинар на рускиот државен медиум Russia Today (RT).
Слично
