Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски е реизбран за во следните четири години да ја води партијата.
Oд 560 делегати, гласале 529 на 15. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово.
528 гласале „за“, а едно ливче e неважечко.
Груевски во своето обраќање на 15.Кумановски конгерс голем дел од својот говор го посвети на иновациите и претприемачкиот дух, како нешто што ја движи светската економија.
Иновациите се движечки фактор во рамки на светската економија. Речиси 50 проценти на извозот на Израел се заснова на иновации. Тоа е она што го движи светот во моментов.
Во Македонија долго време ова беше табу тема, но полека, но сигурно на некои луѓе им станува јасно дека само со употреба на еден ресурс, оној главниот, мозокот може да се заработат пари.
-Не само што нема да ми кажат фала, туку многумина ќе ме мразат затоа што не си реализирале некоја нереална лична амбиција, а вината не ја бараат кај себе туку кај мене. Во минатото сум бил незадоволен и сум го коментирал тоа. Во 2006-тата заедно со вас почитувани сопартијци, ја побарав шансата од граѓаните да покажам дека може и поинаку и далеку подобро. И сите ние заедно покажавме. Тоа е нашата, тоа е мојата сатисфакција. Работам по 12 до 15 часа секој ден, но си одам исполнет заради реализираните замисли за напредок и прогрес. Делата кои ги правиме и се гледаат и чувствуваат, реформите кои ја менуваат реалноста, опремата во здравството која спасува животи, новите фабрики и новите работните места кои ја враќаат насмевката кај луѓето, се мојот приклучок во струја која ме полни со енергија да продолжам да работам, рече Груевски.
Исто така тој порача дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е европска Македонија.
-Ние имаме заедничка цел, ние работиме заедно, нашата цел е силна, успешна и просперитетна Република Македонија. Нашата цел е европска Македонија.нашата цел е земја со ниска невработеност и повисок животен стандард, посреќен пензионер, земја на слободни граѓани со многу можности за избори и шанси за успех, истакна претседателот на партијата Груевски.