Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никој не мрднува од позициите, нема оптимизам за договор денеска!

Никој не мрднува од позициите, нема оптимизам за договор денеска!
Тешко до договор меѓу Заев и Груевски. Иако за денеска е најавена средба на двајцата лидери, не се очекува позначајно поместување, особено откако вчера и двете партии ги зациментираа своите позиции. Груевски најави дека ќе го направи „патос“ СДСМ на изборите, од СДСМ порачаа дека нема избори со Влада која би ја спремал Груевски. Се на се, никој не мрднува од позициите. Груевски рече дека нема намера да даде оставка, Заев побара негово повлекување најмалку 6 месеци пред избори. Ахмети и Тачи пак, го чекаат исходот од надмудрувањето на двајцата македонски лидери. А дека до договор тешко ќе дојде говори и фактот што на средбата нема да дојде еврокомесарот Јоханес Хан, иако како што најави ќе бил онлајн. Како што Фактор веќе најави се очекува до средината на јули во скопје да дојде Викторија Нуланд, американски тешкаш, во администрацијата на Обама задолжена за Азија и Европа.
Слично

Поврзани вести