Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никој не можел да изгради 14 базени за 200 милиони денари за АМС

Никој не можел да изгради 14 базени за 200 милиони денари за АМС

Агенцијата за млади и спорт за проценетата вредност од 200 милиони денари без ДДВ сакала да изгради 14 пливачки базени, по што тендерот бил поништен затоа што операторите можеќе да понудат најмалку три и пол пати повисока цена од таа што се нуди.

Ова го наведува Центарот за граѓански комуникации како типичен пример за поништена јавна набавка кога договорниот орган направил лоша проценка. Ова е наведено во објавениот извештај за првата половина од 2019.

„Добиени се 9 понуди, од кои 5 ги исполниле поставените стандарди за докажување на способноста на фирмите и се поканети на е-аукција. По спроведеното негативно наддавање, најниската цена изнесувала 688 милиони денари“, се вели во извештајот.

Сосема е вообичаено да се јавуваат разлики во однос на проценетата вредност на тендерите и добиените понуди, но секако не е нормално кога таа разлика ќе изнесува 1 : 3.44. Ваквата разлика секако говори дека договорниот орган направил исклучително лоша проценка. 

„Во мониторираните тендери имаше и други примери на поништување поради несоодветноста на понудите (биле повисоки од проценетата вредност), но кај нив разликата не беше толку значајна и ова отвора друго прашање – дали соодветно се применува членот 77 став 5 од Законот за јавни набавки: Доколку во текот на постапката за јавна набавка, најповолната понуда е со цена повисока од износот на средства утврдени со одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов врз основа на спроведена анализа да утврди дека истото е економски поисплатливо од повторување на постапката и понудената цена да не го надминува вредносниот праг за видот на постапката согласно со овој закон“, се додава во извештајот.

Слично

Поврзани вести