НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА: Нови избори во Бугарија, најверојатно среде лето
Ниту
социјалистите во Бугарија не успејаа да формираат влада по редовните
парламентарни избори кои се одржаа на 4.април, па неизбежни се нови парламентарни
избори.
БСП не успеа да формира влада, па социјалистите ќе му го вратат мандатот на претседателот Радев.
– Имаме изјава од трите нови политички субјекти дека нема да поддржат влада на БСП. Тие покажаа политичка незрелост и недостаток на култура за политички дијалог. Не можеа да го победат егото и да се обединиме околу нештата кои не обединуваат. И покрај желбата за промена со готов план, ден по ден мерка по мерка со луѓе кои можат да ја направат таа промена влада составена од БСП макар и времена е невозможна, вели Корнелија Нинова, претседателка на БСП.
Претходно двете партии и Герб на Бојко Борисов и партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ го вратија мандатот за формирање на Влада.
Според уставот на Бугарија, ако националното собрание не успее да формира кабинет по три обиди, претседателот треба да го распушти парламентот, но истовремено треба да назначи привремена влада и да закаже предвремени избори во рок од два месеци. Предвремените избори во Бугарија најверојатно би се одржале на 11.јули.
