Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никој не купи акции од Агромеханика АД Скопје

Никој не купи акции од Агромеханика АД Скопје

Агромеханика АД Скопје соопшти дека нивната прва јавна понуда за продажба на сопствени акции преку Македонска берза завршила неуспешно. На 17 септември беше објавена јавната понуда кога беше објавен и проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

Од страна на Агромеханика АД Скопје беа понудени 5247 обични акции за кои немаше никаков интерес. 

За причините зошто немаше интерес за купување на акциите на Агромеханика засега не би давале дополнителни коментари, но ќе потсетиме дека ова друштво за 2016 додели дивиденда со вредност од 840 денари по акција. 

Агромеханика АД Скопје за првите шест месеци од годинава речиси и да нема никаква оперативна активност со приходи од 243 илјади денари и загуба од 1,2 милиони денари.

Слично

Поврзани вести