НИКОГАШ ВЕЌЕ: Ѕверствата во Сирија како опомена за сите нас!
Секој петти бегалец е од Сирија!
Сонот за поубав живот во Австрија или Германија е тешко остварлив, но барем има тронка реалност да стане јаве доколку си жив- вака го почнува своето патешествие осумнаесетгодиншиот Омер Таури од Сирија. Тој со својот брат пред неколку месеци заминал од дома, бидејќи како што се сеќава последните спомени му се страдање и пукотници. Најтешка вели им била разделбата со родителите и најмалиот брат кој останал со нив, а тие двајца тргнале во непознат правец.
“Знам дека се молат за нас и среќен сум што досега успеавме да стигнеме до Македонија. Патувавме 1500 километри. Како ќе се снајдеш. Најмногу пешки. Преку Турција, Грција, Македонија. Со месеци сме надвор, на отворено. Сакавме да патуваме со воз, но не ни дозволија. Потоа купивме велосипеди за многу поскапи цени. Јас учев англиски јазик во Алепо во мојата земја и многу добро го владеам, мојот брат послабо. Затоа кога прашав колку е редовната цена кај вас, сватив дека сме ограбени на некој начин. Ама во зорт, моравме. Уморни сме и некако велосипедите ни беа како спас. Сега поблиску ми се гледа нашата цел. Мораме заедно да успееме”-вели Омер.
Со новите измени на Законот за азил младите момчиња очекуваат дека на многумина кои ја делат нивната судбина ќе им биде олеснет транзитот низ земјава, бидејќи и онака тешкиот пат го минуваат во страв да не бидат затворени или казнети. Очекуваат подобар третман.
“Ние поминавме поголем дел од патот низ вашата земја. Некако се снајдовме и сега планираме да ги продадеме велосипедите, но ни ги бараат по многу ниски цени. Одиме во групи бидејќи така се чувствуваме побезбедни. Жал ми е што многу луѓе кои ги познававме поминаа потешко, ги ограбиле, тепале. Ние за среќа досега не сме имале таква голгота. Понатаму, којзнае? Следно планираме да одиме преку Србија и Унгарија” -додава сириецот Омер.
Добар дел од своето детство тој памети дека го живеел во страв за преживување. Тоа им бил совет и од дома. Таму вели е тешко за сите, бидејќи и најдобрите пријатели почнуваат да војуваат меѓу себе. Децата раскажува не се поштедени.
“Јас сакам многу да учам, јазици и компјутери но имавме постојано проблем со електрична енергија. Повеќето училишта претрепеа сериозни оштетување од конфликтот. Потоа ни забранија да одиме во школо. Лошо беше за сите, за младите за старите. Нашата земја во моментов мислам дека е најопасно место за живеење. Мојот сон е да ја оствариме целта и да го земеме нашето семејство на безбедно. Некој можеби сака да го претстави животот таму во друго светло, ама многу е тешко, има многу крвопролевање, убиства, многу блиски роднини ни загинаа. А тоа е тешко да го гледаш и паметиш како спомен од дома, но и голиот живот е подобар од смртта”-раскажува младиот Омер.
Младото момче за последните години од своето детство вели дека се сеќава само на војни и убиства. Премногу мрачни слики, за како што вели некој да може да остане и да гради иднина таму. Војната која ја разорува неговата земја, според него ќе донесе уште многу бегалци кои не по своја вина заминуваат во потрага по подобар живот. Но тие нагласува, заслужуваат подобар третман во земјите низ кои поминуваат за да ја остварат целта-влез во европските земји каде има закон и ред како треба да се постапува со бегалец и како да му се помогне да се врати во нормален живот.
Додека неговите врсници во нормални услови размислуваат за убави работи, пријателства и дружење, Омер и неговиот брат ја запознаваат суровата страна на животот- да се истрае, опстои и преживее. Иако со кратка но сепак голема животна тежина на своите плеќи, младите момчиња со несекојдневна радост веруваат дека одат кон подобар живот, кон исполнување на сонот преку сеуште неизвесно и опасно патување.
Денеска светот го одбележува денот на бегалците. Статистиките покажуваат дека судбината на Омер и неговиот брат ја делат илјадници бегалци, бидејќи секој петти бегалец во 2014-та година бил Сириец. Само минатата година 59,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови што според УНХЦР е највисокиот пораст во историјата. Секој ден, просечно околу 42.500 луѓе станувале бегалци, азиланти или разместени во сопствената земја или надвор. Мнозинството бегалци и азиланти се од Сирија - скоро 3,9 милиони кои се разместени во 107 земји ширум светот. Најизложени на ризик се децата бидејќи повеќе од половина од светските бегалци се деца, бројка која постојано расте. Загрижува фактот што сè поголем дел од нив се без придружба.

Слично