Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОГАШ ПОВТОРНО: Една година од пукањето во Куманово

НИКОГАШ ПОВТОРНО: Една година од пукањето во Куманово

Денеска се навршува точно една година од немилите настани кои ја потресоа земјава.

На деветти и десетти мај лани се случи вооружената пресметка во кумановската „Диво насеље“ каде животот го загубија осум припадници на МВР, а четиринаесетина беа повредени.

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ го оставија животот во во судирите со вооружена група од Косово.

 Целта на терористите им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните. Судскиот процес против групата се уште не е завршен.

Вчера припадници на „Тигрите“ возеа велосипеди од Куманово преку Скопје до тетовско, во чест на загинатите колеги .

Симболично тргнаа во 6 часот наутро, токму во времето кога лани почна пукањето и беше убиен еден од нивните колеги. Носеа маици со ликот на загинатите, отидоа на нивните гробови каде се поклонија и запалија свеќи.

Тие ја посетија и касарната Илинден каде се чуваат лични предмети и облека на загинатите херои.

Постхумно одликување осумте загинати полицајци добија и од претседателот Ѓорге Иванов.

Иванов на семејствата на загинатите им додели медали за храброст. Тие спречија дестабилизација на државата и конфликт кој можеше да има несогледливи последици, нагласи Иванов.

„Времето е најдобар учител , сите треба да ја научиме лекцијата од Куманово што е мн скапо платена, А тоа е дека поделбите и раздорот не прават послаби и поранливи. Пожртвуваноста на нашите херои треба да биде предупредување до сите учесници во политичкиот живот на Македонија но и фактор на обединување“ – рече Иванов.

Слично

Поврзани вести