НИКОГАШ ПОСИЛЕН: „Google“ има доволно пари да ја купи Русија
„Google“ се придружи на елитната листа компании на која се вбројуваат „Еxxon Mobile", „Мicrosoft" i „Apple", а според пишувањата на американските медиуми, сега тој има поголема вредност од комплетната руска берза.
Моменталната вредност на руската берза изнесува 325 милијарди долари, додека вредноста на „Google“ достигна висина од 340 милијарди.
Ваквата информација доаѓа во време кога вредноста на руската рубља значително опадна како резултат на падот на цената на нафтата и санкциите на западните земји.
Исто така, се проценува дека, руските резерви на злато паднале на најниско ниво од 2009 година.
Русија губи околу 40 милијарди долари годишно поради санкциите и дури 100 милијарди долари поради цената на нафтата, соопшти рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.
Последиците од наглото паѓање на рубљата последниве денови се крајно негативни за Русија и нејзините граѓани, а какви ќе бидат долгорочните последици се уште не може да се предвиди, но веќе е извесно дека еден од најголемите проблеми ќе биде падот на довербата кон рускиот финансиски систем.

Слично