Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОГАШ НЕМА ЦЕЛОСНО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД МАСКИТЕ: Ваква прогноза дава епидемиологот Кон

НИКОГАШ НЕМА ЦЕЛОСНО ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД МАСКИТЕ: Ваква прогноза дава епидемиологот Кон

Српскиот епидемиолог Предраг Кон вели дека колективниот отпор кон мерките доведе до продолжена борба против ковид. Вели дека омикрон е послаб, па поради тој факт, многумина продолжуваат да ги прекршуваат мерките и да избегнуваат вакцинација.

Впечатокот за омикронот е дека предизвикува поблага болест во целина, но немаме податоци на кои можеме да се потпреме. Најлошото е што сè уште не знаеме како болеста ќе се одрази кај постари, тешки и хронични пациенти со ослабена имунитет. Најголем проблем се младите.Само 30% се вакцинирани до 30 години, вели Кон

Како што наведе, по новогодишните и божиќните празници неминовно е да има ненадеен скок на новозаразени во Србија ...

„Некои пет дена по дочекот на Новата година ќе има нагло зголемување, кое ќе се забележи дури малку подоцна, зголемување ќе има за околу 20% и ќе оди над 30%, дури и до 50% на неделно ниво. Сега имаме просечно 1.200 нови инфекции неделно и ако е за 30% поголем, следната недела ќе биде 1.600, што значи дека за некои денови ќе надмине 2.000. Јасно е дека ќе има нагло зголемување, бројките ќе растат од недела во недела“, вели епидемиологот. Реинфекцијата е пет пати почеста кај омикрон отколку кај другите значајни варијанти.

Епидемиологот додава дека лично верува дека никогаш нема целосно да ги симнеме маските, бидејќи полека се освестуваат луѓето дека аерозагадувањето е убиствено, дека може да се следи нивото на загаденост и да се постапува во согласност со податоците.

-А дали годинава ги симнуваме маските против короната, не можам да кажам. Во одреден момент маските нема да се носат, освен кога постои ризик, што ќе биде нагласено, па ќе видиме дали тоа ќе биде обврска или само препорака. Мојата најголема желба во Новата година е да се распушти Кризниот штаб и тој повеќе да не е потребен. На граѓаните им посакувам лична среќа и што поскоро да се ослободат од грижите поврзани со КОВИД, но и да се заштитат со вакцини и со тоа си помагаат да бидат посигурни дека нема да имаат тешка форма на болеста“, рече Кон.


Слично

Поврзани вести