Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак: Дора Бакојани со емотивна исповед за нејзината болест

Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак: Дора Бакојани со емотивна исповед за нејзината болест

Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак, а јас ќе се борам, никогаш нема отстапено од ниту една битка, напиша денеска на фејсбук Дора Бакојани, поранешната министерка за надворешни работи на Грција и актуелна пратеничка од Нова Демократија. Бакојани е позната на македонската јавност а денеска рече дека и е дијагностициран мултипен миелом (рак на плазма клетките). Соопшти дека на 500 луѓе годишно во Грција им се открива оваа болест, но дека кај нејзе болеста е во почетна фаза. 

„Никогаш не е лесно да се слушне дека имате рак. Она што не го контролирате, она што одеднаш излегува од никаде, тоа ве плаши најмногу. И тоа те плаши, не само заради тебе, туку и за оние што ги сакаш. Сепак, оваа болест се бори и победува. И ако едно е сигурно, тоа е дека никогаш не сум се повлекла од каква било битка во мојот живот. Ќе продолжам да работам нормално и ќе се борам за ова место што многу го сакам, заедно со мојата терапија, вели Бакојани.

Додава дека на останатите 499 луѓе сака да им рече дека ова е болест со која учиш да живееш. Во исто време. 

„Верувам дека ви ја должев вистината. Впрочем, јас не сум таков човек што крие. Сега сум во рацете на исклучителни лекари што ги има нашата земја и се чувствувам одлучно за оваа победа и сум голем оптимист за иднината, вели Бакојани.



Слично

Поврзани вести