НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛОШО: Oфицери заминуваат да работат како камионџии
Во српската војска никогаш не било полошо, а офицери заминуваат незадоволни од повеќе фактори.
Во просек дневно војската ја напуштаат по два офицери, два подофицери, два војници и едно цивилно лице.
Овие луѓе заминуваат во странство за да возат камиони или да работат како келнери.
Драган Глигиќ си заминал од армијата затоа што последната година се чувствувал како обичен работник кој треба да одржува простории.
Тој сега вози камион во странство, и сака да среди документи за целото семејство, за како што вели да не се мачат и да трпат понижување во земјата.
По 20 години работа бил попречен да добие унапредување, поради што си заминал од армијата, пишува Данас.
Годишно армијата ја напуштаат 1600 луѓе.
Слично
