Нигерија отпушта вработени од администрација
Нигерија отпушта 20.000 вработени кои биле на државен список, со цел да заштеди.
Од Министерството за финансии на Нигерија велат дека со овој чекор ќе заштедат милиони долари. Државата е принудена да штеди затоа што се намалуваат парите во државната каса поради падот на цените на нафтата.
„Кастрење на трошоците за персонал е клучот за финансирање на дефицитот во буџетот за 2016 година, а со заштедата на крајот ќе се намали износот што треба да биде позајмен"- објасни Фестус Аканби, советник во Министерството за финансии.
Нигерија објави рекорден буџет во декември, ветувајќи дека ќе го стимулира растот и изградбата на инфраструктура во богатата со нафта, но увозно зависна земја.
Државата воедно се стреми и кон искоренување на корупцијата.
Слично
