Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ние сме луди на Балканот, сите мислиме дека сме најстар народ, вели Рама

Ние сме луди на Балканот, сите мислиме дека сме најстар народ, вели Рама

Не е само ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот, сите мислиме дека сме најстар народ, вели албанскиот премиер Еди Рама. Тој на ЕУ и порача дека луѓето на Балканот се добри и лојални. 

Рама на шега ја спомна конкуренцијата на Грците и Албанците во тоа кој е најстар народ на Балканот, пишува „Газета експрес“.

„На Балканот сите мислиме дека сме најстари. Ние Албанците мислиме дека сме најстари, дека сме настанале по мајмуните во еволуцијата на Дарвин. Ако ги замолите Србите да не ја напуштаат областа, оставете го тоа на Грците, кои мислат дека самите мајмуни настанале по нив. Турците може да предизвикаат голема кавга за тоа дали е турско кафе или грчко кафе. Истото важи и за Македонците и за Бугарите“, рече тој.

Тој неодамна ја критикуваше ЕУ затоа што Македонија и Албанија не почнаа преговори. Прво употреби термин идна Западна Бугарија, мислејќи на Македонија, за што имаше многу реакции и барања за извинување, и во Брисел тој се пошегува на сметка на Бугарија, и рече „Источна Македонија“. За ова реагираше бугарското Министерство за надворешни работи(МНР). 

Слично

Поврзани вести