Ние се бориме со дождот, Грците со морето: Водите се излеаја на улиците на омилените грчки летувалишта за Македонците
Во Катарини Паралија поплавите настанале без да падне капка дожд изминатите денови.
Додека кај нас повеќе општини маки мачат со поплавите предизвикани од силните дождови и во моментов најлоша е ситуацијата во Кичево и Полошко, а кај Грците освен што се предизвикани проблеми од обилните дождови и морето почна да се прелева врз улиците.
Фотографиите и видеата направени од едно од омилените грчки летувалишта за Македонците, Паралија Катарини, од пред два дена (15.02) покажуваат редок феномен каде што улиците се прекриени под водите на Егејското Море.
На Фејсбук групата Nikana.gr е објавено видео од поплавените улици во Паралија Катарини, каде што нагласуваат дека овој феномен е предизвикан од силниот ветер и нискиот притисок, заради што морето било „истиснато“.
Како што јавуваат тамошните медиуми, улиците што се наоѓаат во непосредна близина на брегот се под вода, а поплавени се и голем број дуќани и објекти.
Освен што се прекриени со вода, на улиците се забележува голема количина песок и морски растенија, а управувањето со возилата било отежнато.
Во Катарини Паралија поплавите настанале без да падне капка дожд изминатите денови.
Дополнително, погодени се и делови од Грција каде врнежите биле обилни, како Олимпич Бич и Коринос.
Погледнете ги видеата во продолжение на Женски Магазин.