Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ние плаќаме сметки, а МЕПСО дава позајмици што доспеваат

Ние плаќаме сметки, а МЕПСО дава позајмици што доспеваат

На околу девет милиони евра се зголемиле финансиските побарувања што како краткорочна помош во позајмици им ги давал МЕПСО на претпријатијата кои работат со загуби - АД Железници Транспорт, АД Пошта и АД Водостопанство.

Операторот на системот за пренос на електрична енергија, чие работење делумно е индиректно финансирано од сметките за струја што ги плаќаат домаќинствата и другите потрошувачи, на овие акционерски друштва им исплаќало краткорочни позајмици со фиксна камата од 6 отсто, но говеќето не се вратени и рокот е доспеан.

Ова е утврдено во извештајот на независниот ревизор кој е објавен деновиве на берзата. Основните побарувања за позајмиците се речиси девет милиони евра, а каматите посебно се зголемиле на речиси милион евра до пред почетокот на 2025 година.

МЕПСО има побарување од 500.000 евра од Железници Транспорт како позајмица што е доспеана уште во 2014. Има две кон железничкото транспортно акционерско друштво од 10 и 11,5 милиони денари што се доспеани уште во 2022. Звучи неверојатно - од Железници Транспорт се чека назад позајмица од 3,5 милиони евра (214.000.000 денари со камата) што е доспеана во јули 2024.. Независниот ревизор не дава податоци кога се префрлени овие средства, а нема јавни податоци дали МЕПСО ги наплатил досега.

Од АД Пошта се чекало враќање на позајмени 100 милиони денари до јуни 2024 и уште дополнителни 40 милиони денари до 30 декември 2025. Двете позајмици се евидентирани во финансиските побарувања на МЕПСО кои што инаку по правило треба да бидат вратени еднократно. За АД Водостопанство има позајмица од 95 милиони денари доспеана во октомври 2024 и уште една од 60 милиони чиј рок за враќање истекол на истиот датум. 

МЕПСО во 2024 оствари добивка од  7,7 милиони евра. Заедно со Државна лотарија се едни од подобростоечките акционерски друштва во државна сопственост кои што работат рентабилно и власта од нив во изминатите години бараше да исплаќаат позајмици кон загубарите.

А.К.

Слично

Поврзани вести