Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ни ВМРО, ни СДСМ: Само еден Македонец можеше да собере повеќе луѓе од двата собири!

Ни ВМРО, ни СДСМ: Само еден Македонец можеше да собере повеќе луѓе од двата собири!

Очигледно состојбата почнува да губи контрола.

Од ден на ден живееме тонејќи се повеќе до дното. Бидејќи некој така сака, да си игра, да се мајтапи, да замајува очи, тоа му е работа додека трупа милиони во вреќи.

Политиката премногу длабоки корени зафатила во секое делче од општеството, во секоја клетка на луѓето. На секој чекор само политика. Кај и да се свртиш политика. А едни политичари што имаме ... Добри се добри се. Битно е дека успеаја во мисијата да го поделат народот на два дела.

Поминаа митинзите и сега на ред е да се докажуваме каде имаше повеќе луѓе, дали на СДСМ во недела или на ВМРО вчера.

Цело утро приврзаниците на едната и другата партија (ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ) низ социјалните мрежи „очи си вадат“ која партија повеќе луѓе извадила на улица, дали Груевски или Заев.

Ќе ве разочарам. Можете само да се залажувате. Ни едните ни другите не извадивте толку колку што можеше да извади ТОШЕ . Нашиот Тоше Проески. Само тој умееше да не обедини сите под едно небо, само тој успеа да ја собере цела Македонија на едно место на неговите концерти .

toska

Само тој не правеше поделби како вие што правите. А за разлика од вас беше хуман. Правеше добри дела.

И додека вие трошите високи суми пари за да донесете граѓани од цела Македонија, трошите финансии за џабе, тој ги даруваше на оние на кои им беа потребни.

Ама вие имате заборавено што значи доблест. Што значи тоа морал, и хуманост.

Веќе 25 години оваа земја само се смалува и дели. Веќе 25 години народот живее се полошо и полошо.

Веќе 25 години политичката елита зема од народот . А народот се потешко и  потешко дише.

Па вие размислете, дали на следните избори ќе ви треба упатство за кој да гласате, дали ќе ви треба нечија партиска книшка за да најдете работа.

Јас мислам дека Македонија одамна го изгубила компасот. И дека е крајно време некој, кој умее да го користи, да го земе во свои раце и да рече - одиме во друг правец. Вртиме нова страница. Ама дали има некој кој во моментов е соодветен за тоа? Богами и незнам.

tose1

За да избегате за миг од политиката „бидејќи нема друго побитно очигледно во овој момент“ , потсетете се на концертот на Тоше и уживајте во убавите моменти кои тој од срце им ги даруваше на сите , без разлика на вера и партија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2nwhZuyn0-U[/embed]

И.Р

Слично

Поврзани вести