Ни требаат стандарди за сува градба!
Правилници и Комисија за квалитет којашто ќе ги следи и мотивира фирмите кои изведуваат сува градба, бараат од Групацијата за сува градба при Стопанската комора на Македонија.
Групацијата веќе подготви технички нормативи, по теркот на европските земји, кои ќе ги достави до Министерството за транспорт и врски со цел да станат дел од подзаконската регулатива за градење, информира Иван Слафоски, претседател на оваа групација.
„Нормативите ќе обезбедуваат висок квалитет, изготвување македонски називи за поединечните системи за сува градба, дефинирање на описните текстови и утврдување точни правила за мерење кон кои ќе се придружуваат сите учесници во градбата. Со тоа ќе се обезбеди правилна понуда за изведба на системите за сува градба и арбитража и изведба на самите градежни работи“, истакна Слафоски.
Изведувачите на сува градба најчесто се ангажирани при изградба на нова градба и при реконструкција на каков било објект од високоградбата, односно во проекти кои претставуваат 77 проценти од вкупно добиените дозволи за градење во минатата година.
Во Македонија се произведуваат гипсани производи од над 10 милиони метри квадратни, наменети за домашниот и за пазарите во соседните држави. Извозот изнесува околу милион евра и се реализира во Србија, Косово, Албанија и Црна Гора. Вредноста на увозот е 950 илјади евра, а најчесто е од Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија и други држави.
Слично
