Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Поскапела синдикалната потрошувачка кошничка

НИ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Поскапела синдикалната потрошувачка кошничка

Поскапела минималната кошничка во Македонија во однос на претходните месеци. 

Mинимално на едно семејство во април му биле потребни 33.243 денари.

Ова го покажуваат податоците од синдикалната потрошувачка кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.

Најмногу пари или 14.093 денари биле потребни за храна и пијалоци, а 10.436 денари за плаќање на месечните сметки за комунални услуги и за одржувањето на домот.

Минималните трошоци за превоз во април изнесувале 2.447 денари, за хигиена 2.343 денари, а за облека и обувки минимум биле потребни 2.144 денари. 

Најмалку пари се трошат за здравјето и за културните активности.

За февруари, кошничката изнесувала 32.915 денари. 
Во јануари, истата чинела 32.791 денар, а во декември лани 32.732 денари. 

Слично

Поврзани вести