Ни Трамп не може да го спаси Твитер од пропаѓање
Социјалната мрежа Твитер подолго време има големи проблеми да ги задржи приходите од рекламирање бидејќи маркетинг агенциите губат доверба во платформата која пропаѓа во однос на Фејсбук.
На Твитер не му помогна ниту новиот американски претседател Доналд Трамп кој интезивно ја користи оваа платформа за обраќање до јавноста и своите следбеници.
Твитер нема голем број на нови корисници и базата многу бавно расте, па токму затоа и инвеститорите не се оптимисти и акциите на берзите постојано тонат.
Твитер има потреба од поголем ангажман на самите корисници, но оваа социјална мрежа прерасна во ексклузивно место каде тие што се влијателни постојано објавуваат статуси, а останатите кои немаат потреба од постојано информирање или искажување го губат интересот.
Токму недостигот на поширока публика драстично ги намали приходите од рекламирање, кои пак кај Фејсбук или Гугл изнесуваат десетици милијарди долари.
