НИ СЕ ЗАКАНУВА ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА: Бегалците во опасност од зима, грип и зарази!
Стотици бегалци кои со ноќи спијат под ведро небо во парковите се повеќе се жалат на висока температура, настинки, и исцрпеност, а според зборовите на српскиот помошник министер за здравје Зоран Панајотовиќ, здравствената состојба на мигрантите во моментов е под контрола, но со доаѓање на студените денови ќе има се повеќе инфекции и настинки.
-Подготвени сме да им овозможиме на мигрантите, доколку им биде потребно, да бидат згрижени во болниците. Меѓутоа за подобрување на условите во кои ги лекуваме, но и за лекови, потребни се повеќе пари - вели Панајотовиќ.
Директорот на Центарот за заштита и помош за барателите на азил Радош Ѓуровиќ вели дека мигрантите мораат итно да бидат згрижени бидејќи во спротивност заразите ќе почнат да се шират.
-Не е хумано тие да бидат на отворено, со деца во раце и покриени со ќеси поради дождот. Ако чекаме ќе се заразат и тие но и нашето население - вели Ѓуровиќ за српски медиуми, пренесува телеграф.рс.
