Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ РАЗВОДОТ НЕ МУ ГИ ПОМРСИ КОНЦИТЕ: Колку пари има Безос па е најбогат во светот?

НИ РАЗВОДОТ НЕ МУ ГИ ПОМРСИ КОНЦИТЕ: Колку пари има Безос па е најбогат во светот?

Извршниот директор и основач на Амазон, Џеф Безон ја заврши минатата година и ја започна новата 2020 како најбогат човек во светот со проценето богатство од 115 милијарди долари.

Безос се разведе во 2019 година по 25 години брак, а тој и неговата сопруга се договорија да ги задржи нејзините четири проценти од акциите во онлајн гигантот за малопродажба. Така, Макензи Безос доби околу 37 милијарди долари и беше рангирана на 25-то место на најбогати.

Според индексот на милијардери на Блумберг кој ги следи 500-те најбогати луѓе во светот, втор е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со 113 милијарди долари.

На третото место е Бернард Арно со 105 милијарди долари. Арно е најбогат Французин и извршен директор на LVMH, контролирајќи скоро половина од познатиот француски моден ланец, чија група, освен „Луис Витон“, вклучува и други светски познати брендови.

По него следува американскиот инвеститор Ворен Бафет со 89,3 милијарди долари, додека основачот на Фејсбук Марк Закерберг е на петтото место со 78,4 милијарди долари.

Мексиканскиот магнат Карлос Слим го зазеде 11-то место со 60,2 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести