Ни Груевски, ни Заев не дојдоа – почна подготвителното рочиште за обвинувањата за „Македонска банка“
Судот го одби барањето на одбраната на лидерот на СДСМ Зоран Заев за одлагање на стартот на судскиот процес, во кој премиерот Никола Груевски го тужи за клевета со изнесените обвинувања за наводна корупција при продажбата на „Македонска банка“.
Тимот на Заев бараше одлагање затоа што важен доказ примиле непосредно пред денешното рочиште, а на адвокатот на тужителот тој му бил достапен пред две недели. Исто така, тужената страна побара одлагање и затоа што сеуште не е правосилно решението на Обвинителството со кое се одбива кривичната пријава поднесена од СДСМ за овој случај.
Сепак, судот одлучи да го започне подготвителното рочиште, на кое денеска не присуствуваа ниту Заев, ниту Груевски, туку само нивните адвокати. Груевски денеска е во Хонг Конг, камко дел од неговата азиска турнеја, а Заев ги почнува трибините за вонинституционално дејствување.
Премиерот од лидерот на опозицијата бара отштета од половина милион евра за изречена клевета со обвинувањата дека Груевски за продажбата на „Македонска банка“ примил поткуп од 1,5 милиони евра од контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини.
Слично
