Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ни го откажаа пресот во Александар Палас, тоа е акционерската демократија на Штерјо Наков!

Ни го откажаа пресот во Александар Палас, тоа е акционерската демократија на Штерјо Наков!
За прес конференцијата на адвокатот Венцислав Гушев во име на дел од акционерите на Фершпед, што требаше да се одржи утре во Александар Палас, ќе се бара друга локација. “Доцна вечерва раководството на хотелот ме извести дека не може да се одржи прес во Александар Палас, од некакви технички причини“, изјави Гушев вечерва за Фактор. Тој смета дека не се никакви технички причини во прашање туку дека Наков не сака во хотелот, кој е владение на Фершпед да се одржи прес конференцијата. „Тоа е дел од акционерската демократија на Штерјо Наков. Иако уредно плативме за одржување на прес конференцијата, таа ни е откажана“, вели за Фактор Гушев. Тој не ја знае точната локација, каде ќе се одржи прес конференцијата на која ќе биде упатен повик до акционерите за единство, против како што се вели во соопштението сопственичките интереси на семејството Наков, но претпоставува дека новата локација ќе биде точно пред хотелот Александар Палас.
Слично

Поврзани вести