Незири оптимист за фер и демократски избори
Шефот на ИШ на ДУИ Беким Незири е оптимист и се надева дека ќе се имплементираат сите точки од Договорот од Прижино кој го потпишаа во јуни/јули четирите големи политички партии.
Тој во април очекува фер и демократски избори, но за тоа е потребно целосно да биде исполнет Договорот, што значи да биде пречистен Избирачкиот список и да има нов закон за медиуми.
Незири и покрај тоа што земјава е веќе неколку месеци во криза вели дека е оптимист и дека до 24 април ќе се решат сите точки од договорот со што ќе се одржат фер и демократски избори.
Незири уште еднаш го истакна ставот на ДУИ што побрзо да има избори, но истите да бидат фер и демократски.
Слично
