Економија, финансии, бизнис

Контакт

Незири: Енергетска криза нема, но реални проблеми може да има!

Незири: Енергетска криза нема, но реални проблеми може да има!

„Нема да има енергетска криза во Македонија“, вели министерот за економија Беким Незири.

Граѓаните ќе бидат снабдени со нафтени деривати и да трае блокадата на Макпетрол, изјави тој.

Може проблем да има во Дојран, Делчево, Демир Хисар, Пехчево и Валандово каде има бензински пумпи само на Макпетрол .. но другите компании ќе ги засилат набавувањата и ќе има доволно резерви за снабдување.

Делот на гас Макпетрол држи 36% но најголем дел се индустриски капацитети и ние работиме како да најдеме решение да не дојде до блокада на аеродромите. Ќе се применува косовскиот модел каде се точи керозин директно од цистерните во авионите, посочи Незири.

Слично

Поврзани вести