Економија, финансии, бизнис

Контакт

Независноста, успех и бреме на македонската нација!

Независноста, успех и бреме на македонската нација!
Македонија денеска го одбележува 8-ми Септември, денот кога во 1991 година граѓаните на референдум се изјаснија за суверена и независна држава. Повеќе од 75 отсто од граѓаните со право на глас излегоа на гласачките места, а над 92 отсто гласаа за независна Македонија. Десетина дена потоа, Собранието ја прогласи независноста на државата, по што Македонија почна да го живее својот самостоен живот, надвор од СФР Југославија. kiro-arm Одлуката за спроведување референдум беше донесена од првиот состав на повеќепартиското Собрание, кое се конституираше на крајот од 1990 година, а следејќи го масовното расположение на граѓаните. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. устав-на-рм   Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. F49C2432169B6E4FBD74889B72874D19 Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8-ми април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа уставното име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија – референца која се користи и денеска. 360E44F2F97B5A46A98342C691D94B8E Трицифрената инфлација на почетокот на 1990-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа предизвицте со кои се соочи државата во овие 23 години независност. przhinskiot-ramkoven-dogovor-2 Денот на независноста ќе биде одбележан со неколку манифестации низ државата, како и со неколку настани во светот, организирани од македонските дипломатско-конзуларни претставништва.
Слично

Поврзани вести