Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕЗАВИСНОСТ: Полека гниеме, но не се предаваме!

НЕЗАВИСНОСТ: Полека гниеме, но не се предаваме!

25 години од осамостојувањето на Република Македонија. 25 години од референдумот на кој  над 95%  од граѓаните се изјаснија за независност на земјата од поранешна Југославија.

Јавните личности со различно мислење во интервјуата на Горазд Чомовски околу независноста на Македонија. За едни таа виси на сталени нозе, за други Македонија е далеку од независна држава, за трети прашање е дали ќе не биде или не.

Македонската независност е на стаклени нозе!

Кљусев бараше  сукецсија без одлагање и ќе предизвикаше војна со ЈНА.  Глигоров го формулираше рефернедумското прашање. Црвенковски беше против  гласање на народот  за одделување од Југославија. Мијалков со сомнителна мисија за Белград пред загинувањето. Првиот Претседател направи се да спречи вмровска Влада во самостојна Македонија.  Во интервју за Фактор Стојан Андов со “старата приказна “  дали и зошто побегна од големата прослава на 8 септември.

Еден од последните живи сведоци на судбинските настани пред четврт век и за на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ: “И порано имаше обиди владејачката партија да се стави над државата, да се завладее со институциите,  но сите тие обиди не успеаа ни од далеку да нанесат толку голема штета колку што нанесе политиката на Никола Груевски од 2008 година до денес“, вели првиот спикер Стојан Андов.

Според Денко Малески Оддалечувањето од НАТО и ЕУ е наш најголем неуспех!

„Извештајот на Прибе колку што е услов за прием, уште повеќе е последица на долгогодишното гниење на македонската демократија, економија, па и цивилизација, која наместо дамна да е закачена на евроатлантската композиција, личи на заборавен валкан вагон на некој спореден колосек на Балканот . И зарем уште не разбираме дека ако има земја на Балканот на која  очајно и треба безбедноста и благосостојбата на сојузите –  НАТО и ЕУ, тоа е нашата Македонија“ вели во интервју за Фактор Денко Малески кој  е прв министер за надворешни работи на Република Македонија. Тој беше дел од експертската Влада  предводена од тогашниот премиер Никола Кљусев, а е Македониски амбасадор  во Обединетите нации и Универзитетски професор по меѓународно право.

Нескротлива е омразата меѓу Македонците

“И денес исто како и пред 25 години кога одлучувавме за дисолуција од Југославија  актуелно е прашањето дали ќе не биде или не“, вели во интервју за Фактор Владо Поповски. Од оаза на мирот си ја проблематизираме и сосптвената опстојба. Според историчарот, но и актерот на сите клучни настани на современа Македонија разнебитувањето на државата може да се случи одвнатре со крајната полариззација во македонското ткиво и преку формирањето партиските фаланги на послушни и изманипулирани војници.

“Македонија веќе никој не ја споменува како оаза на мирот, а не верувам ниту дека ја споменуваат како пример  како треба да се гради една  демократска, стабилна држава туку  постојано сме во политички и друг вид на конфузија”.

“Не верувам дека јужниот сосед има интерес Македонија да не постои туку евентуално треба да го смири внатрешниот оган што сами го разгореа. Сметам дека македонско-грчкиот спор и натаму е најкрупниот проблем кој во моментов го  имаме.”

Според пораншениот министер и советник на неколку клучни политичари, Глигоров добро го менаџирал заминувањето на ЈНА, но бил антиалбански настроен. За Поповски “вистинската личност  на државник беше само претседателот Борис Трајковски.“

Македонија е далеку од суверена држава, а за независна не правиме муабет!“, вели пак Мирка Велиновска.

“Во периодот во кој сме, среде произведена криза, а не е прва таква, Македонија е далеку од суверена држава, а за независна не правиме муабет. Напротив, денес, со сериозна странска интервенција со помош на домашен контрактор СДСМ и т.н. цивилен или невладин сектор и во 2001 година, е изведен преврат и суспенсиран легалниот правен и уставен поредок”, вели  во интервјуто за Фактор  еден од  активните ветерани и препознатливи новинари.  

За економската транзиција со оценка – “Пљачката на општествениот капитал и распродажбата на националните богатства ги изведоа бившите комунистички партии. Односно, нивните раководни структури и нивните општетвени директори, поставувани со партиски благослов. Затоа мене ми е смешно денешното обвинение на т.н. шарени револуционери кои ги обвинуваат вмровците за пљачка на македонската економија”.

Како долгогодишен сведок на македонскиот пат од сукцесија до четврт век самостојна држава Мирка Велиновска и со (само)критика за урнисаниот углед на македонскиот журнализам -“Се ми се чини дека повеќето ,,угледни,, и ,,професионални,, новинари професијава ја избрале како транзиција кон административна или политичка функционерска кариера. Штом ги заболе за угледот на професијава. Штом сакаат да ја трампат за проститутска или спонзорушка и штом не водат сметка за сопствениот професионален и личен интегритет”.

Слично

Поврзани вести