Економија, финансии, бизнис

Контакт

Независна угостителска комора: Не постојат регистрирани ресторани за свадби во Македонија

Независна угостителска комора: Не постојат регистрирани ресторани за свадби во Македонија

Независната угостителска комора упати реакција до Собранието дека во Македонија официјално не постојат регистрирани угостителски објекти кои се специјализирани за одржување на свадби.

Според мислењето на комората, станува збор за нефер однос кон останатите угостители со најавата дека со ребалансот на буџетот ќе следува поддршка во висина од 3.000 до 10.000 евра од четвртиот пакет мерки на Владата а сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност.

Вкупната неповратна финансиска помош што ќе ја добијат овие специјализирани ресторани е еден милион евр, но тоа според НУК е неоснована, селективна и дискриминирачка во однос на сите останати угостители.

- Првата причина за наведеното е многу едноставна. Во Македонската национална класификација на дејности – НКД v2 не постои шифра на дејност со која некој угостителски објект е регистриран, лиценциран или специјализиран за организација за свадби. Тоа е индивидуална и самостојна или селективна класификација на објектите. Свадби, прослави и веселби се организирало и ќе се организира и во секој хотелски ресторан и сите регистрирани угостителски објекти

Втората причина да потсетиме свадби не беа забранети да се организираат и одржуваат само во т.н. “угостителски објекти за свадби”. Свадби, разни веселби и сите видови прослави (родендени, крштевки, матурски, полуматорски, корпоративни настани) беа и сеуште се забранети во сите угостителски објекти.

Свадбите не се само прослави и веселби за 500 или 1000 лица во т.н. ресторани за свадби, шатори  или хотелски хали.

Свадби, разни веселби и прослави (родендени, крштевки, матурски, полуматорски, корпоративни настани) се и за 20, 30, 50 или 100 лица кои не се одржувале секојдневно и во сите други угостителски објект. На големите угостителски објекти – ресторани димензионирани за настани за голем број на гости не им беше ниту им е посебно забрането да работат. За истите тие “ресторани за свадби“ во моментов важат истите протоколите за работа на угостителски објекти. Нелогично е и навредливо за сите угостители кои трпат неверојатни штети како последица на рестриктивните мерки и посебните протоколи за работа сега селективно да им се дава неповратна финансиска помош само на т.н. “ресторани за свадби”, се вели во реакцијата.

Од таму бараат од пратениците во Собраните, како што се вели, правно да ја усогласат и да ја исправат неправдата која може да се нанесе на целокупната угостителска индустрија, откако претходно Владата останала глува на укажувањата.

- Пратениците не смеат да дозволат да гласаат и донесат дискриминаторска мерка со која едни угостители незаконски ќе бидат повластени додека останатите ќе бидат казнети. Нормално и логично е неповратна финансиска помош – грант да треба да земат оние кои не можат да ја вршат својата дејност, како што се ноќните клубови за кои Комисијата за заразни болести воопшто не предложи препораки и протоколи за работа на истите и на кои им е забрането да работат за време на пандемијата Ковид-19, велат од комората.

Од таму бараат да се донесат протоколите за организација на свадби, наместо да се организираат „на диво“ по последните бројки на позитивни од Ковид-19.

- Свесни сме дека како угостители најголемиот број од нас ќе извисиме со пристапот и користењето на последниот 4-ти сет мерки кои се најавувани како подршка и помош на најзагрозените индустрии. Очекуваме крајните резултати од досегашните 4 сет финансиски мерки на Владата на РМ од 1 милијарда евра да покажат дека ниту 2% од вкупната финансиска помош нема да заврши кај угостителите која индустрија е директно и најмногу погодена и загрозена ссо својот опстанок од појавата на пандемијата Ковид-19, додаваат од комората.

Слично

Поврзани вести