Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕЗАПАМЕТЕНО ВИСОК СКОК: Прекинато тргувањето со никел

НЕЗАПАМЕТЕНО ВИСОК СКОК: Прекинато тргувањето со никел

Лондонската берза за метали денеска ја прекина трговијата со никел откако цената достигна неверојатни 100.000 долари за тон, пренесува Блумберг.

Никелот, кој се користи во производството на нерѓосувачки челик и батерии за електрични автомобили, за два дена поскапе за 250 отсто. Скокот на цените дојде откако трговците и индустријалците кои го продаваа металот почнаа да склучуваат договори за купување никел по веста за можен прекин на снабдувањето од Русија. Многу трговци кои влегоа во „шорт продажба“ (облог за паѓање на цените) западнаа во неволја.

Кинескиот бизнисмен Ксијанг Гуангда, најголемиот производител на челик и никел, со месеци зазема позиција како заштита од падот на цените поради големите количества метали што ги има, сега е во неволја бидејќи берзанските посредници му ги бараа парите назад и од неговата банка е побарано дополнително време за да и ги исплати долговите. Ова уште повеќе ја турна цената на овој метал на берзата.


Слично

Поврзани вести