НЕЗАДОВОЛНИ ОД НОВОТО ИМЕ: Северните Грци бараат референдум за договорот со Македонија
Претставници на управата и општини од северниот дел на Грција бараат одржување на референдум на кој граѓаните би се изјасниле за или против договорот за новото име на Македонија, кое во средината на месецот беше потпишано од страна на Атина и Скопје.
На проширениот состанок одржан вчера во Солун во организација на Регионалниот совет на централна Македонија е донесена резолуција, која ќе и биде доставена на грчката влада и сите политички партии.
Во резолуцијата помеѓу останатото стои дека договорот меѓу Атина и Скопје за новото име на Македонија е потпишан на 17 јуни на грчкиот дел на Преспанското езеро и е „многу сериозен дипломатски и национален пораз и има штетно влијание на интересите и иднината на земјата и грчкиот народ.“
Се истакнува дека грчката влада во минатото не ја признавала македонската националност и македонскиот јазик, бидејќи ги сметала за иредентистички , како и дека тие одсекогаш ги нарекувале „северен сосед“.
Локалните власти на грчката покраина Македонија велат дека не се сложуваат со потпишаниот договор и ја повикуваат владата и политичките партии тој да не биде ратификуван во грчкиот парламент.
Тие бараат и грчката вчада за таа иницијатива да ја информира домашната јавност, лидери на странски земји и шефови на меѓународни организации.
