Невремето во Солун „зароби“ туристи
Невремето кое вчера го зафати Солун предизвика огромни проблеми во градот, при што извесен број туристи останаа заробени во Белата кула, затоа што водата собрана на влезот што е под уличното ниво, ги оневозможи да излезат.
Но, учениците од едно основно училиште и неколумината британски туристи успеале да излезат низ приземниот прозорец на зградата откако противпожарната бригада ги отстранила решетките.
Поплавен е и еден од еден од најпознатите објекти во Солун катадралата Агиа Софија од VII век, која е споменик на УНЕСКО.
Четири лица биле „заробени“ на мост откако нивните возила беа потопени од високото ниво вода.Фото АНА МПА
Слично
