Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невремето во Хрватска однесе во смрт тројца луѓе

Невремето во Хрватска однесе во смрт тројца луѓе

Тројца луѓе загинаа денеска во невремето во Хрватска. 

Во Черничка Шаговина, недалеку од Нова Градишка, загина 40-годишен маж кога врз неговото комбе паднало дрво. Претходно беше објавено дека две лица загинаа во Загреб. Информацијата за смртта ја потврдија и од полициската управа Брод-Посавина. И овој регион беше тешко погоден и во материјална смисла, ветерот корнеше дрвја, кршеше гранки, однесе покриви. Претходно, во Словенија и Австрија имаше невреме. 

Фото: Јутрањи.хр

Слично

Поврзани вести