Невремето го одмина Скопје, ама го зафати Велес
Пороен дожд попладнево предизвика поплави низ улиците на Велес, слични на оние кои вчера го зафатија Скопје. Низ градот е отежнато движењето. Градоначалникот Славчо Чадиев веднаш излезе на терен за да ги увиди последиците од невремето.
Невреме попладнево имаше и во преспанскиот крај, со силен дожд, ветер и грмотевици.
Цела Македонија и натаму е во жолта предупредувачка фаза, затоа што и натаму постои опасност од локализирано силно невреме.
Слично
