Невремето - тест за Македонски Телеком
Се случи невреме кое направи технички проблеми во мрежата на Македонски Телеком заради што дел од корисниците од Скопје и од другите градови имаа прекин на услугите од компанијата.
Во ваквите случаи, досегашна пракса е компанијата да го реши проблемот што поскоро и да ги извести корисниците за тоа, но во суштина овие случаи се можност за една компанија да покаже на дело колку навистина се грижи за своите корисници и стои зад вредностите на својот бренд.
За среќа Македонски Телеком го помина тестот и одговори на проблемот онака како што и доликува: навреме ги извести своите корисници, се извинија за настанатите проблеми, го отстранија дефектот и им понудија на своите корисници бесплатни услуги како надомест за прекинот на услугите.
Останува во иднина да очекуваме уште повисоки стандарди во справувањето со неочекувани проблеми од страна на сите компании, бидејќи ниту една компанија не може да биде имуна на проблеми во испораката на услугите до своите корисници, но може да постапи правилно и со грижа за своите корисници кога проблемите ќе се случат.
