Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ, падна град со големина на лешник ВИДЕО

НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ, падна град со големина на лешник ВИДЕО

Силно невреме денеска зафати делови од Загребската жупанија. Во некои места во Загреб, освен пороен дожд и силен ветер, имаше и град со големина на лешник.

Со повремена умерена и силна облачност можна е појава на врнежи од дожд и грмежи, особено на запад, а на места врнежите ќе бидат поизразени, предупредуваат од ДХМЗ.

Издадено е и жолто метео предупредување. Веројатноста за грмотевици надминува 40 проценти.

Внимавајте на можни посилни грмотевици. Особено внимавајте на изложените места како планини, шуми и ливади или отворени полиња. Можни се прекини во активностите на отворено“, соопшти денеска ДХМЗ.

Фејсбук страницата Crometeo објави неколку слики од невремето што го зафати Загреб, а на една од нив се гледа градот.

Силно невреме зафати повеќе региони во Хрватска, а видеото од невремето на Твитер го објави и поранешната министерка за заштита на животната средина, Мирела Холи. „Загреб токму сега, ново невреме. Не, нема климатски промени“, напиша таа.


Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести