Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Загина еден човек

НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Загина еден човек

Делови во Словенија се во „црвена фаза” – една жртва, оштетени објекти, села без струја. 

Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на денот дуваше во земјата. Половина држава се уште е во „црвена фаза” за опасност од екстремно силен ветер, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На патот Дравоград-Марибор едно лице загина, откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Вечерва без струја се над 340 домаќинства во околината на градот Цеље. Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.

Во Општината Преболд ветерот откорна 230 години стара липа, која падна врз куќа и ја оштетила. Проблеми со откорнати дрва и сообраќајни знаци има во Штаерската и Корошката област.

Агенцијата за животна средина (АРСО) објави дека во некои делови на словенија денеска е измерен ветер со брзина и над 100 километри на час.

Во Европа има невреме во повеќе земји. 

Слично

Поврзани вести