НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКA: Затворени патишта и километарски колони возила
Поради силно невреме во Хрватска се затворени повеќе патишта, а на наплатната станица Свети Рок кон Загреб има колона од возила долга осум километри.
Во прекин се траектните линии Призна - Жигљен и Стиница - Мишњак, како и линијата Новаља - Раб - Ријека.
За патнички автомобили отворен е патот А6 Ријека - Загреб меѓу Киковице и Делница, Јадранска магистрала меѓу Сења и Света Марија Магдалена, и патот Масленица - Затон Оборавачки и Пашки мост.
На автопатот А7 поради силен ветер е забрането движење на автобуси на два ката.
Слично
