Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невреме во Хрватска, поплавени подруми и стопански објекти

Невреме во Хрватска, поплавени подруми и стопански објекти

Поплави ја зафатија Хрватска. 

Поплави имаше во Жупаниските центри Бјеловар, Пожега, Славонски Брод и Осиек. Поплавени се подруми и стопански објекти. Граѓаните пријавиле и паднати дрвја, излевање на вода од каналите и потоците и поплавување на патишта. Од дирекцијата за цивилна заштита известија дека надлежните служби излегле на терен и работат на отстранување на последиците.

Хрватска вода вчера донесе решенија за воведување вонредни мерки за заштита од поплави во заштитеното подрачје на малиот слив Лика, делниците Косињски Баковац, Тисовац, Јадова, Богданица и Новчица.

И во Македонија се очекуваат обилни врнежи од дожд, како што најави метеорологот Славчо Попоски. Циклон ќе ја зафати Македонија. 

Температурите остануваат натпросечно високи и максималните дневни понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени, додека пад на истите се очекува од понеделник па натаму.

Слично

Поврзани вести