Невреме во Црна Гора, аларм издаден и за БиХ
Силен ветер ноќeска дувал со брзина од над 100 километри на час, нанел големи штети во Црна Гора, а две лица се повредени.
Демолирани се бензиска пумпа, перална за автомобили, кванташки пазар, а уништен е и дел од Пожарникарниот дом, како и ограда од болница.
Бурата превртувала и автомобили, дури и комби возила и камиони, оштетила многу зеленило. Екипите на комуналната полиција се на терен од вчера после полноќ и работат на расчистување.
Федералниот хидрометеоролошки завод во Сараево, БиХ издаде портокалов метеоаларм за северните региони на Босна и Краина, каде што денеска се очекува невреме со дожд и грмотевици, а на некои места и град.
Во останатите региони на Босна и Херцеговина на сила е жолт метеоаларм.
Портокаловиот метеоаларм се издава како предупредување од невреме кое може да предизвика штета и опасност по човечките животи.
Пред еден месец во близината на босанскиот град Прњавор, во месноста Отпочиваљка 11 годишно девојче загина од удар на гром.
Изминатиов месец силно невреме погоди и делови на Хрватска, Словенија и Србија.
Хрватскиот град Ријека и неговата околината беа погодени од невреме проследено со град и силен ветер. На повеќе места има и поплави.
Словенија ја зафати невреме со град, незапамтено досега. Градот со големина на тениско топче пустосеше се’ пред себе. Најмногу штети биле пријавени во местото Чрномељ.
