НЕВРЕМЕ ВО БЕЛГРАД: Неколку луѓе се повредени
Пет луѓе се повредени денеска во Белград поради силното невреме. Од Службата за брза помош изјавија за Танјуг дека еден маж е тешко повреден кога паднал од покрив околу 14 часот, а 46-годишна жена е повредена на улицата Славија кога врз неа паднал лим, и таа е пренесена во Ургентниот центар. Во Сурчин, 25-годишен маж е тешко повреден, исто така поради уривање на дел од покривот, и е пренесен во Клиничкиот и болнички центар Земун.
„Во Нов Белград, две жени, на возраст од 31 и 73 години, беа повредени поради паѓање на метален покрив на улицата „Јуриј Гагарин“. 25-годишен маж беше тешко повреден за време на невремето во Сурчин и беше префрлен во Клиничкиот и болнички центар Земун откако покривот се сруши врз него“, изјави портпаролката на Службата за итни случаи во Белград, Ивана Стефановиќ, пренесува РТС.
Се срушил и семафор во близина на „Београд на вода“ поради бурата, објави српски Телеграф.
И во Хрватска и Босна денеска имаше невреме. Во Босна паѓаше град со големина на орев.
