Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невреме удри во Велес, Делчево, Кочани….

Невреме удри во Велес, Делчево, Кочани….
Невремето вчера го одмина главниот град и удри најсилно во Велешкиот регион. Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека се спремни за дејствување, доколку ситуацијата се влоши. Силен дожд синоќа имаше во Велес, Делчево, Кочани и Чешиново Облешево. Дирекцијата соопшти дека во Велес од врнежите се поплавени улици, имало прекин на електрична енергија, запалени кабли на електрични столбови од гром, паднати дрва по улици и поплавени подрумски простории. Пообилни врнежи од дожд имаше и во Кочани и Чешиново Облешево и притоа се предизвикани излевања на канализацијата. Во Делчево врнежи со град имаше во повисоките предели, но таму нема посериозни штети. фото А1он.мк
Слично

Поврзани вести