Невреме се очекува и денеска – предупредуваат метеоролозите
И денеска се очекува кратко невреме, предупредуваат метеоролозите.
Невреме вчера го зафати Скопје, но и други делови на Македонија при што за кратко време дождот и ветерот предизвикаа хаос. Имаше скршени дрвја, а реки вода течеа по улиците.
„Претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер понекаде во Скопската котлина“ - велат метеролозите.
До вторник во земјата ќе преовладува стабилно време, а од среда повторно во попладневните часови времето ќе биде нестабилно.
Освен во Скопје, невреме вчера имаше и во Неготино.
