Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Погодени Белград и Загреб

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Погодени Белград и Загреб

Силно невреме денеска имаше во Србија и Хрватска, каде на удар беа главните градови. 

Врнежи од дожд проследени со град го зафатија денеска Белград. Невремето во наредните часови ќе се прошири и на северот од земјата.

Српските медиуми објавија видео-снимки од невремето.

Загреб денеска напладне беше погоден од силно невреме проследено со громотевици. Од невремето се зафатени и другите делови на земјата, каде паѓал силен дожд пропратен со ветер и молњи.

Град паѓал во Вараждин, каде се регистрирани повеќе од 2000 молњи.

Ветерот откорнал парчиња од лим, на неколку места скршил гранки од дрвјата, пожарникарите испумпувале и вода од семејна куќа.

На 20 мај во Србија паѓаше град со големина  на јајце. 

Тогаш беа погодени повеќе градови. 

Слично

Поврзани вести